Ново рочиште за „Поткуп“, целосната снимка пред јавноста

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Кривичниот суд ново рочиште за случајот „Поткуп“. Јавноста ќе може да ја види целосната снимка обезбедена со посебните истражни мерки, каде што наводно Зоран Заев како градоначалник на Струмица бара пари од бизнисменот Иван Николов, кој треба и да сведочи.

Заев на минатото судење тврдеше дека снимките што се објавени на интернет се со најмалку два прекина, за да се дискредитираат неговиот интегритет и углед.

Обвинителот беше против јавното пуштање на снимките, кои, како што рече, иако се декласифицирани, можат да се користат под строго определени услови во судска постапка.

Заев е обвинет за земање поткуп на околу 160 илјади евра.

Share.