Ново рочиште за случајот „Поткуп“

0
163

Премиерот, Зоран Заев, со неговиот адвокатски тим се појави денеска во Кривичниот суд во Скопје каде ќе се одржи ново рочиште за случајот „Поткуп“, во кој е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Сачевалиев.

На последното рочиште беа пуштени разговори прибавени од посебни истражни мерки, но без присуство на јавноста. Интегралната видео снимка се уште не е пуштена во судот, бидејќи апелација се уште не се произнела по забелешката од Јавното обвинителство дека станува збор за пи мерки и заради заштита на сведокот.

fokus.mk