Ново судско рочиште за „Транспортер“

0
380

Во Кривичниот суд за денеска закажано е судење за предметот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во овој предмет обвинети се поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, за проневера на околу 360.000 евра.

Минатото рочиште беше одложено, а судијката Добрила Кацарска како причина, образложи дека е поради тоа што се уште не е добиен одговор за поднесена жалба од Апелацискиот суд.