Нов видео запис на Пеперминт-Ненормално

Популарниот македонски бенд Пеперминт објави нов сингл, насловен „Ненормално“. За песната е направен и забавен видео спот. Музиката, текстот и аранжманот се на Горан Пајак Трифуновски, а песната и спотот се снимени во Пеперминт продукција.

Имено како инспирација се земени општите состојби во нашето општество, па и во светот, каде „новото нормално“ всушност е имплементација на извртени вредности, замена на „ненормалното“ за „нормалното“.  Состојби на кои светот тешко се навикнува.

Песната ја следи уште едно видео, кое е „ненормално“ добро артистички и визуелно спакувано, кое носи визуелна порака која ги поткрепува стиховите на темата дека се’ е „испреввртено наопаку“.

Сподели