Нов напад со дрон врз рафинеријата за нафта Илски во јужна Русија, втор во последните два дена, предизвикал пожар, објави новинската агенција ТАСС на 5 мај, повикувајќи се на службите за итни случаи, а пишува Радио Слободна Европа.
И руската новинска агенција РИА Новости објави дека нема жртви и дека пожарот е изгаснат. Засега не е јасно кој стои зад инцидентот.
Пред два дена исто така беа пријавени пожар, штетни експлозии на железницата и напад со беспилотно летало насочен кон воен аеродром во два руски региони блиску до Украина, Краснодар и Брајанск.
Во меѓувреме Русија во текот на ноќта го гранатираше јужниот украински град Никопол, соопштија регионалните власти на 5 мај, додека борбите се интензивираа во Бахмут, градот во областа Донецк.
„Силниот артилериски оган уништи цивилна и енергетска инфраструктура во Никопол, изјави шефот на регионалниот совет на Дњепропетровск, Микола Лукашук.












