Како дел од шестиот пакет санкции против Русија, Европската унија разгледува мерки кои се однесуваат на банкарскиот сектор поточно „Сбербанк”, како и ограничувања во областа на енергетиката, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Таа посочи дека главната цел на санкциите е да се намалат приходите на руските власти и дека ЕУ во моментов „разгледува паметни механизми“ кои ќе овозможат и нафтата да биде вклучена во следниот пакет санкции.












