Нов силен земјотрес во Албанија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Нов земјотрес со јачина од 4,8  степени според Рихтеровата скала, вечерва неколку минути по полноќ, ја погоди Албанија.

Земјотресот е на длабочина од 30 километри, а епицентарот е на 4 километри северно од Драч.

Претходно, Албанија ја погодија два последователни потреси од 5,8 и 5,3 степени според Рихеровата скала, од кои посилниот беше почувствуван и во делови од Македонија.

Според последните информации, над 70 лица се повредени, а причинета е и материјална штета.

Share.