Нов силен земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмалку 18 лица загинаа во вчерашниот земјотрес со јачина од 6,7 степени кој ја погоди Папуа Нова Гвинеја, соопштија локалните власти.

Земјотресот се случи во оддалечена планинска област, околу 600 километри од главниот град Порт Морзби. Потоа беа регистрирани и два последователни потреси со магнитуда од над 5 степени по Рихтеровата скала, кои ги принудија луѓето да ги напуштат своите домови поради стравување од свлечишта.

Share.