Нов случај во Битола нема, а има 2 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19. Oд  Скопје – 9,  Кичево – 5 , Куманово и Тетово – по 4, Прилеп и Охрид – по 2,  Штип и Струмица – по 1.

Нема починати лица.

Регистрирани се 34 оздравени пациенти. Од  Скопје – 18, Прилеп – 4, Куманово и Тетово – по 3 , Битола – 2,  Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420

Сподели