Нов штаб за заштита и спасување на општина Битола

0
1280

На следната седница на Советот на општина Битола, пред советниците ќе се најде одлуката за формирање на Штаб за заштита и спасување на општина Битола
Командант на штабот ќе биде градоначалничката на Битола Наташа Петровска, Ѓуро Илиќ-Началник на штабот, Горан Козаров-помошник на началникот на штабот за оперативни работи, Зоран Лазаров помошник на началникот на штабот за прва медицинска помош. Во одлуката не е наведено името на помошникот на началникот на штабот за заштита и спасување од пожари, но местото е предвидено за командирот на Единицата за противпожарна заштита на Битола. Лилјана Крстевска помошник на началникот на штабот за згрижување и евакуација, Методија Граматковски помошник на началникот на штабот за заштита и спасување од поплави.
Со оваа одлука се формира и помошен персонал од четворица извршители односно двајца администратори и две лица курири-возачи. Штабот за заштита и спасување има задача да раководи со акциите за заштита и спасување и со единиците за заштита и спасување што ги формира општина Битола во случај на елементарни непогоди и во војна.
Откако ќе ја изгласаат оваа одлука и ќе биде објавена во Службен гласник ќе престане да важи одлуката, а која беше донесена од 25.06.2008 година од Советот на општина Битола.