Нолев и двајца французи со коњ и мазга тргнаа по линијата на Македонскиот фронт

0
1526

Со мазга и коњ денес од Француските гробишта во Битола тргна повеќечлената француско-македонска експедиција долж линијата на некогашниот Македонски фронт (1915-1918).

Во експедицијата учествуваат францускиот дипломат и писател Емануел Рембер и новинарот и историчар Емануел Ешт придружувани од планинарскиот водич Петар Нолев од Битола.

Тие за 12 дена, патувајќи претежно низ високи планински предели со надморска височина над 2000 метри ќе поминат 240 километри пеш од Битола до Солун.

Патниците ќе спијат на терен во вреќи и шатори, а за да ја доловат автентичната атмосфера ќе јадат храна како пред сто години, подготвена традиционално. Со себе зедоа и бакарно котле за да подготват храна.

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска и францускиот конзул во Битола, Калиопа Стилиновиќ Кривашија ги испратија утрово од Француските гробишта и им посакаа среќен пат.