„Нон пејпер“ не е конечен документ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Амбасадата на Франција со став дека, заклучоците за Македонија изнесени во „нон пејперот“ не се конечни,  и дека ставот на Франција ќе биде дефинитивно утврден во договор со нејзините европски партнери, откако предлозите за отпочнување на преговорите од страна на Комисијата содржани во извештајот за Македонија и за Албанија ќе бидат проучени од страна на Советот (општи работи) на 26 јуни а потоа за нив ќе одлучи Европскиот Совет во текот на истиот месец.

Ова е одговорот од Амбасадата на Франција што го побара Макфакс за да се појасни ставот на оваа земја членка на ЕУ, во врска со позицијата на Македонија за преговорите за влез во Европската Унија.

„ Амбасадата на Франција појаснува во врска со документот наречен « non-papier » кои го споменуваат одредени медиуми. Амбасадата, исто така, напоменува дека предлозите за отпочнување на преговорите од страна на Комисијата содржани во извештајот за Македонија и за Албанија ќе бидат проучени од страна на Советот (општи работи) на 26 јуни а потоа за нив ќе одлучи Европскиот Совет во текот на истиот месец. Разговорите за подготовка на заклучоците за Македонија и за Албанија сеуште не се отпочнати во Брисел. Поради тоа и не треба да му се придава премногу големо значење на тој документ, особено што во него станува збор за точки за кои ќе се разговара и одлучува во иднина.“

makfax.com.mk

Share.