Нормализирано водоснабдувањето во Логоварди

Од јавното претпријатие „Водовод“ Битола информираат дека по успешно завршената санација на дефектот во село Логоварди, корисниците во овој дел имаат нормален тек во водоснабдувањето.

Вчера таму се појави дефект на водоводна мрежа АЗЦ Ф100, а непристапноста на теренот и временските неприлики, не овозможуваа брзо санирање на дефектот.

Сподели