Нотарите донираа во Домот за доенчиња во Битола

0
943

Од комората преку соопштение известуваат дека денеска во посета на Домот за доенчиња беше делегација составена од Претседателот на Нотарскaта комора на Република Македонија Васил Кузманоски и член на Управниот одбор Виолета Ангеловска, кои предадоа донација во согласност со потребите на Домот. Истата се состои од технички апарати, бебешка опрема како и млечна храна. Делегацијата оствари и средба со директорката Соња Илиевска.


Од Нотарската комора се надеваат дека ќе поттикнат и други  правни и физички лица да донираат секаде каде што има потреба.
Нотарскатакомора на Република Македонија и во иднина како и до сега ќе продолжи со хуманитарни акции и донации во текот на целата година, велат од таму.