Нуркачот Александар Ацев за подводните сцени за снимањето на „Сестри“

Македонскиот филм со кој оваа година се отвора филмскиот фестивал Браќа Манаки, Сестри, на режисерката Дина Дума, светската премиера ја имаше на фестивалот Карлови Вари. Од таму екипата се врати со специјална награда од жирито.

Дума го сними филмот во 2019, на урбани локации низ Скопје, а она што е интересно е дека подводните сцени кои се снимани во Охрид и Матка, се снимани со професионални нуркачи, меѓу кои и битолчанецот Александар Ацев, член на спелео нуркачкиот клуб Врело.

– Соработката со екипата беше одлична-истакна Ацев и додаде- ние бевме асистенти на камера,  истовремено грижејќи се за безбедноста на филмската екипа.

Оваа година филмскиот фестивал се одржува од 16 ти до 21 септември.

Сподели