Обвинение против 30 лица за настаните од 27 април

0
318

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го поднело обвинителниот акт до Основниот суд Скопје 1 против 30 лица за насилството во Собранието на 27 април, минатата година. Меѓу обвинетите има пратеници, организатори на протестот од иницијативата „За заедничка Македонија“ и вработени во МВР.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески посочи дека 28 обвинети се товарат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а двајца се обвинети за помагање во извршување на истото кривичното дело.

„Уверен сум дека обвинителството ќе докаже дека е направено кривичното дело за кое се товарат обвинетите во обвинителниот акт“, рече Јовески.

Обвинетите со намера да ја загрозат безбедноста, како што е наведено во обвинението предизвикале акт на насилство со што го загрозиле животот на пратеници, новинари, службени лица и вработени во законодавниот дом и предизвикале страв кај граѓаните. Сите обвинети, се посочува, имале иста цел да се оневозможи функционирање на новото парламентарно мнозинство и работата на Собранието.

Според обвинителството, за пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, која беше осомничена во случајот, е прекината постапката оти не се утврдени елементи за сторено кривично дело.