Обвинетиот во „Монструм”, Фејзи Азири, уапсен на Клиниката за пулмологија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Фејзи Азири обвинет за случајот „Монструм” кој беше осуден со правосилна судска пресуда на шест ипол години затвор за нелегално оружје, вечерва бил уапсен на Клиниката за пулмологија и алергологија и ставен е под полициски надзор, јавува Телевизија Алфа.

Штипскиот затвор уште на 28 февруари го известил Судот и Управата за санкции дека Азири е во бегство, но неговото апсење се случи месец ипол подоцна. Директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров денеска за МКД.мк изјави дека лицето Фејзи Азири кој во затворот во Штип издржува казна за друго кривично дело по истекот на прекин на казната не се вратил назад во затворот.

„Фејзи Азири имаше прекин на казната од 30 јануари до 28 февруари годината кој му беше доделен од министерот за правда. По истекот на прекинот тој не се врати назад во затворот, ниту го оправда своето отсуство со било каков писмен документ. Ние го известивме судот и Управата за извршување на санкции и по закон треба да се распише потерница. Ние овде го водиме како лице во бегство“, ни изјави директорот на затворот во Штип, Тодоров.

Вчерашното рочиште за петкратното убиство се одложи поради отсуство на Азири кој, според документот кој го приложи неговиот адвокат, е на болничко лекување.

Share.