Обвинетите за „Насилство во општина Центар“ негираа вина

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Обвинетите во предметот на СЈО „Насилство во општина Центар“ на денешното рочиште во Кривичниот суд се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото за кое се товарат, поттикнување на насилство. Обвинетите во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

На претходните рочишта вина за настаните на протестите пред општина Центар во јуни 2013, признаа обвинетите Томислав Лазаров и Јордан Ристевски кои добија условни казни.

На денешното рочиште на прашања на одбрана одговараше поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски. Следното рочиште е закажано за 19 април, кога треба да бидат испрашани двајца сведоци.

slobodnaevropa.mk

Share.