ТЕРА

REKLAMA???

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА СЛУЧАЈОТ СО СМРТТА НА МАЛАТА ЈАНА

Основното јавно обвинителство Битола до семејството на починатата го достави интегрално извештајот од Институтот за судска медицина во кој експлицитно е наведено дека во постапувањето на медицинскиот персонал која го лекувал девојчето на 22.03.2023 година не се содржани елементи на кривичното дело Несовесно лекување болни  од член 207 од КЗ или некое друго кривично дело кое се гони по службена должност, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.

Имено, согласно вештиот наод, утврдено е дека постапките на сите здравствени работници кои биле вклучени во лекувањето биле во согласност со сите правила и начела на медицината. Имајќи го предвид ваквото вештачење кое беше засновано на целокупната медицинска документација, здравствената историја на починатата и наодот од обдукција, како и исказите на испитаните здравствени работници и на родителите, обвинителството достави известување до семејството дека во конкретниот случај нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување.

Основното јавно обвинителство Битола останува отворено да ги разгледа сите евентуални иницијативи за дополнителни проверки кои ги најавуваат застапниците на оштетеното семејство, иако до овој момент такви иницијативи не се пристигнати во надлежното обвинителство. Исто така, материјалите врз основа на кои се вршеа сите вештачења се наоѓаат во обвинителскиот предмет и ќе им бидат достапни на оштетените со цел доколку имаат потреба да извршат и независна експертиза, велат од обвинителството.

Вчера медиумите објавија дека девојчето починало од инфаркт што го предизвика пневмонија, а нејзината смрт нема причинско-последична врска сo примената инфузија како што се сомневаа родителите. Извештајот од обдукциониот наод на Судска медицина обвинителството го достави до мајката и таткото на малата Јана. 

Адвокатот на семејството до Обвинителството бара вештачење на компјутерот во Битолската болница каде е евидентиран целиот третман на малата Јана од приемот до нејзината смрт, затоа што имало различни изјави за времето кога точно почина Јана Христовска.