Обвинителство вели дека постапиле по допрен глас

0
1095

Како што веќе објавивме битолската полиција поднесе кривични пријави против неколкумина поранешни директори и раководители во РЕК Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „загадување на животната средина и природата“, и против АД Електрани на Македонија – Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“.

Полицијата и јавното обвинителство констатирале дека пријавените физички лица, со непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина, пропуштиле да ги реконструираат постоечките или да постават нови филтри за прашина – дозволиле преку работата на пријавеното правно лице да се пропуштаат штетни честички количински повеќе од 50 милиграми на метар кубен.
Исто така, пријавените физички лица дозволиле да се врши отпепелување на одлагалиштето, каде што често се создавале воздушни вртлози од пепел со земја. На тој начин предизвикале пораст на статистичкиот показател на загаденост на воздухот во град Битола, што претставува опасност по здравјето на луѓето.

Ланската година здружението „ За нас се работи“ до обвинителството во Битола поднесе пријава против неколку лица.

Од Јавното обвинителство на Македонија велат дека Јавното oбвинителст во Битола има оформен предмет по допрен глас во март минатата година, а Здружението „За нас се работи” во мај поднесе пријава. По предметот се постапува и веќе се побарани повеќе податоци и информации од надлежни институции во насока на расветлување на фактите во предметот.

Во врска со кривичните пријави поднесени од СВР Битола, АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека се става на располагање на сите државни институции во интерес на спроведување на потребните процедури и утврдување на фактичката состојба.
И појаснуваат дека во моментов само едно лице се води како актуелен раководител, односно станува збор за раководител кој е на таа позиција подолго време и не е дел од новите назначувања кои се случија во комбинатот минатиот месец.