Утрово 8 степени во Крушево, 9 Маврови Анови, Лазарополе, Берово, 10 Прилеп, Крива Паланка, 11 Скопје-Петрове, Тетово, Охрид, Битола, Претор, 12 Скопје–Зајчев Рид, Струмица, Дојран, Виница, Гевгелија, Куманово, 13 Штип Дебар, 14 Демир Капија.
Најмногу дожд 22 л/м2 наврнаа во Пожаране, 12 Дебар, 11 Тетово, 10 Охрид, 8 Виница, 6 Претор, 5 Крушево, 4 Крива Паланка, 3 Куманово, Прилеп, 2 Берово, 1 Дојран, Струмица, Битола, Штип.
Во текот на ноќта времето беше облачно, на места со врнежи од дожд. Утрово е облачно со врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Времето денеска променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, попладне особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени. Во Битола до 21 степен.












