Облачно време со врнежи од дожд, а на планините снег

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Изутринава времето во Македонија е променливо облачно, во западните делови на повисоките планините има локални врнежи од снег, а на пониските места има  локален дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Времето денес:Под влијание на влажна и постудена воздушна маса денеска  ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови на земјава. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да биде повеќе од 30л/м2.

На повеќето места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, повеќе израсен ќе биде во западните подрачја.

Т-мин. од -2 до 5 а, т-мин. 2 до 9 степени.

 

Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, но и со повремен слаб дожд, а  на планините и на некои повисоки места ќе има усллови за повремен слаб снег.

 

 

Share.