Облачно време со врнежи од дожд

0
195

Утрово најстудено со -7 степени беше во Пожаране, -5 Ѓуриште, Тетово, -3 Кр. Паланка, Скопје, Тополчани, -2 Крушево, Виница, Берово, Прилеп, Битола, -1 Струмица, Претор, 0 Дебар, Штип, 1 Охрид, 2 Д. Капија, Маврово, Гевгелија.

Утринава имаме облачно со врнежи претежно од дожд. Снег во 7 часот врне во Крушево и Тетово. Врнежите од дожд во Пожаране веднаш се заледуваат по паѓањето на земјата. Врнежите се претежно во западните делови. Дува слаб до умерен југоисточен ветер кој е најизразен во Ѓуриште и во Тополчани.

До крајот на денот облачно со врнежи претежно од дожд. Понекаде и особено наутро дождот веднаш ќе се заледува на патиштата. На високите планини врнежите ќе бидат главно од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата од 3 до 10 степени.

Денес пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде до сабота наутро за двата дена локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. За време на викендот се уште ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а само на планините над 2000 м.н.в. ќе има повремен снег. Во останатиот дел од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во сабота ќе дува и повремено засилен западен ветер, поизразен на југот и западот од земјава. Ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка. Од понеделник малку пониски температури и зголемена облачност со нови врнежи од дожд.

фото: Михаил Ѓаџовски