Минимални измерени температури: -2 степени на Попова Шапка, -1 Лазарополе, 0 Маврови Анови, 1 Крушево, 2 Берово, 3 Крива Паланка, Битола, Дебар, 4 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Тетово, Претор, Прилеп, Охрид, 5 Скопје-Петровец, Виница, Демир Капија, 6 Штип, Струмица, Кавадарци, Велес и 8 степени во Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
4 Прилеп, 3 Попова Шапка, 2 Крушево, Тополчани, Претор, 1 Битола, Охрид, Дебар, Лазарополе.
Висина на снежна покривка во 07 часот (во сm)
48 Маврови Анови, 39 Попова Шапка, 25 Крушево, 10 Лазарополе.
Времето во текот на ноќта – претежно облачно, во западните делови со повремен слаб дожд, на планините слаб снег. Утрово по одделни котлини има појава на слаба магла.
Денеска претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, на планините слаб снег. Во ноќните часови во западните делови на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Максималната температура ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Битола облачно време со температури од 3 до 7 степени.











