Облачно и студено, со врнежи од снег

0
771

Најмалку снег утрово до 8 часот во Прилеп 3 см, , 5 Охрид, 6 Виница, 7 Берово, Кр. Паланка, 8 Д. Капија, 9 Штип, 12 Струмица, 14 Гевгелија, 15 Скопје, Скопје Петровец, Тополчани, 16 Битола, 17 Претор, Дојран, 20 Дебар, Тетово, 25 Ѓуриште, 38 Пожаране, 41 Крушево, 51 Лазарополе, 78 Маврово.

Најстудено со -11 степени беше во Маврово, -9 Крушево, Ѓуриште, Пожаране, -8 Лазарополе, Дебар, -7 Тополчани, -6 Скопје Петровец, Тетово, Прилеп, Берово, Кр. Паланка, Скопје, -5 Охрид, Битола, Штип, -4 Д. Капија, Струмица, Виница, -3 Претор, Гевгелија, -2 Дојран.

Денеска ќе биде облачно и студено, со врнежи од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во јужните делови. Попладне врнежите ќе ослабат насекаде. Температурата во интервал од -4 до 1 сепен.

И понатаму ќе бидеме под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови се постудено време со повремен снег. Денес во текот на денот врнежите ќе се префрлат кон исток, каде што ќе бидат поинтензивни. Локални врнежи од снег ќе има и утре претежно во западните делови а краткотраен снег е можен и во ноќта кон среда I prete\no na jugot. До четврток кога ќе има прекин на врнежите температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Најстудено ќе биде во среда и четврток преку ноќта, кога утринската температура на места ќе се спушти и под и -10 степени. Од петок температурите релативно брзо ќе се покачуваат.