Облачно и студено со повремени врнежи од снег

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Висината на снежната покривка до 7 часот е 14 см во Пожаране, 23 Лазарополе, Крушево, 46 Маврови Анови.

Утрово најстудено со -7 стеени беше во Маврово, Ѓуриште, -5 Пожаране, -4 Крушево, -3 Лазарополе, -2 Дебар, Тополчани, Тетово, Виница, Берово, Прилеп, -1 Кр. Паланка, Штип, Скопје Зајчев Рид, 0 Скопје Петровец, 1 Битола, Д. Капија, Струмица, Охрид, 2 Дојран, Претор, 3 Гевгелија.

Облачно и студено со повремени врнежи од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во ноќните часови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Дневната температура нема да се разликува од утринската и ќе биде во интервал од -2 до 3 степени, а на планините и значително пониска, особено во северните делови.

И во наредните денови подрачјето на нашата земја ќе се задржи под влијание на многу студена и влажна воздушна маса. Пообилни врнежи ќе има и утре претпладне кога насекаде ќе се формира снежна покривка (на пониските места околу 10-15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 см). Во вторник послаби врнежи од снег ќе има во западните и јужните делови од земјава.
До четврток температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Вредностите на дневната температура речиси насекаде ќе се задржат под нулата. Утринските температури од вторник до четврток ќе се спуштаат и под -10 степени.

Share.