Облачно и студено

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Висината на снежната пкривка до 7 часот само 1 см во Кр. Паланка, 2 Прилеп, Дебар, 3 Тетово, Тополчани, Берово, 17 Лазарополе, 19 Ѓуриште, 20 Пожаране, 27 Крушево, 48 Маврови Анови.

Утрово најстудено со -4 степени во Маврово, -3 Лазарополе, -2 Тополчани, Ѓуриште, Крушево, -1 Пожаране, 0 Скопје Петровец, Претор, Кр. Паланка, Прилеп, Берово, Тетово, Дебар, Битола, 1 Охрид, Штип, Струмица, 2 Скопје Зајчев Рид, Д. Капија, Виница, Гевгелија, 6 Дојран.

 

Облачно и студено со врнежи кои на запад и североисток се главно од снег, а во пониските делови вдолж Повардарието се од дожд. Врнежите се со умерен интензитет на југот и југоистокот од земјава, а во останатите подрачја се главно со послаб интензитет. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието.

Претежно облачно и студено, во претпладневните часови се уште со врнежи кои на западот и североистокот ќе бидат од снег, а во делот на Повардарието од дожд. Повеќе врнежи ќе има во јужните делови. Околу пладне и попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Температурата ќе достигне од 1 до 7 степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник и в среда претпладне.

Share.