Облачно, попладне со дожд и грмежи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град. Т-мин. од 7 до 15 а т-макс. од 23 до 30 степени. УВ=6

 

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Поизразена нестабилност ќе има и во недела, кога локално повторно ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.

Share.