Облачно со дожд, а на планините снег

0
385

Преку ноќта и изутринава беше облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Во Крушево и Маврово врне снег. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.

 

Денес времето ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Наврнат воден талог (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот:1 Штип, Д. Капија, 2 Прилеп, 3 Дојран, 4 Претор, Скопје-З.Рид, 5 Гевгелија, Лазарополе, Охрид, 6 Скопје-Петровец, 7 Тополчани, 8 Битола, 10 Ѓуриште, 11 Крушево, 16 Маврово, Пожаране.

 

Утре ќе се задржи претежно облачно со умерен југоисточен ветер. Во крајните јужни и северни планински делови, особено попладне ќе има слаб снег. Потоа од сабота продолжува периодот на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, кои од недела поради спуштање на постудена воздушна маса ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Дневните температури значително ќе опаднат.