Утрово најстудено со -2 степени беше на Попова Шапка, -1 Маврово, Kрива Паланка, 0 Берово, Крушево, 2 Прилеп, Битола, Претор, 3 Скопје-Петровец, Струмица, Виница, Охрид, 4 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, 5 Демир Капија, 5 Тетово, 6 Гевгелија, 7 Дојран.
Во текот на ноќта и утрово имавме умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Во Штипско и Светиниколско утринава дува југоисточен ветер со брзина до 30 км/час.
Времето денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а попладне ќе го промени правецот во северен.
Во западните делови ветерот повремено ќе биде силен (над 70 км/час) од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Битола до 16 степени.












