Обука за бизнис план за студентите од Техничкиот факултет

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Како до бизнис план и бизнис модел за сопствен бизнис? Студентите од Техничкиот факултет се обучуваа на оваа тема. Обуката ја спроведоа од Агенцијата за подршка на претприемништвото на Р.Македонија во соработка со Институтот за претприемништво и лидерски развој при Универзитетот Американ Колеџ од Скопје. Ов е прва ваква обука во Битола.

-Техничкиот факултет од Битола е домаќин на настанот организиран за младите во соработка со Агенцијата за поттикнување на претприемништвото во Македонија  и на Институтот за претприемништво и ледерски развој при Универзитетот Американ Колеџ од Скопје. Студентите ќе се обучуваат како да отворат свој бизнис, како да до некое самовработување, всушност со обуката ќе го поттикнеме претприемничкиот дух кај младите, рече проф.д-р Гордана Јаневска, продекан за меѓународна соработка и соработка со стопанството на Техничкиот факлултет од Битола.

Вакви обуки се одржуваат во повеќе градови од државата . Интерес за обуките имало , велат од Институтот за претприемништво и лидерски развој при Универзитетот Американ Колеџ од Скопје.

-Интересот за обуките е голем. Ние не бараме квантитет, туку млади луѓе што се заинтересирани да отворат сопствен бизнис, луѓе кои имаат некоја идеја, или размислувале, или пак се обиделе па не успеале. Со обуките се обидуваме уште малку да ги поттикнеме за да можат да помогнат локално, да не отидат надвор од државата , и како со бизнис идеа може да се работи во Македонија а да се освои целиот свет. Младите сметаат дека треба да се оди надвор од државата за да можат да успеат. Ние велиме не. Ако сте во Македонија ако сте позиционирани глобално, дека може да имаете успешен бизнис и да вработите локлно вработени кои ќе имаат повисока плата а нема да бидат деференцирани на основа на ниски плати и ниски вештини, рече Македонка Димитрова, помлад истражувач од Институтот за претприемништво и лидерски развој на Универзитетот Американ Колеџ од Скопје.

Од досегашните одржани 10 обуки на територија на државата, најчесто младите сметале дека за отпочнување на сопствен бизнис пресудни биле финансиите.

-Годинава поддршката за новите бизниси за лица до 30 години е зголемена за 10 илјади евра. Парите не се проблем, треба да се има идеа и храброст и да се преземе ризик и да се излезе од конфорната зона, додаде Димитрова.


Годинава во рамки на програмата за поттикнување на претприемништвото на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Р.Македонија се предвидени три циклуси на обуки. Првиот циклус беше за мотивација на младите за отпочнување на сопствен бизнис, вториот циклус е обука за подготовка за бизнис план и бизнис модел и третиот циклус ќе биде наменет за наставниците и професорите од универзитетите и средните школи кои го предаваат предметот претприемништво или бизнис претприемништво.

Share.