Обука за развој на бизнисот во „БАС“ – Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По повод месецот на науката, а во обид да се даде својот придонес за неговото одбележување, БАС ја организира обуката “Истражувачки вештини за развој на бизнисот” под водството на проф. д-р Цветко Смилевски. Обука преку која учесниците ќе се здобијат со искуства и знаења поврзани со истражувачкиот процес.

Овој обучувачки караван продолжи во просториите на БАС во Битола. Во знак на одбележување на месецот на науката, сите учесници преку програма составена од три засебни модули имаа единствена шанса да дознаат како се изведува едно целокупно истражување кое би помогнало за развој на бизнисот.

Следните средби за кои ќе се дискутира на оваа тема се закажани за 10 и 11 декември во Скопје и Битола.

Share.