На подрачјето на СВР Битола, минатата недела се одржа тридневна обука со полициски службеници од средно раководен кадар при СВР Битола согласно програмата “Комуникација со заедниците“ организирана од МВР и ICITAP -оддел за правда, поддржана од амбасадата на САД во Македонија.
Обуката имаше за цел подобрување на полициското работење во заедницата, односно практицирање на ефективно и ефикасно полициско работење во заедницата, информираат од СВР Битола.













