Обуки за побарувани занимања

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката Обуки за побарувани занимања, финансирана од Буџетот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија, објавувен е јавен оглас до евидентирани невработени лица.

Од занимањата кои се на огласот за обуки во Битола  има за неговател/ка, личен асистент на лица со попреченост, фризер основно ниво, маникир- педикир, козметичар, службеник во книговодство-сметководство, оператор за веб дизајн, електроинталатер и монтер на станбени објекти, гипсер монтер, електромеханичар за термички и разладни уреди, монтер и инсталатер на сончеви панели, ракувач на виљушкар и автомеханичар за моторни возила.

СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола објави дека за сите невработени лица нуди обука за ракувач на виљушкар.

Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавачи) практична работа во времетраење од 1 месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавач).

Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалан болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.

Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука.

На корисниците на паричен надоместок и на корисниците на правото на парична помош од социјална заштита, за времетраење на обуката не го губат ова право.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и селектираните кандидати.

Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати и спроведувачи на обука.

Во обуките не може да учествуваат лица кои предходно биле вклучени во оваа мерка.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, до 20.03.2019 година!

Share.