ТЕРА

REKLAMA???

ОБЈАВЕНА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗБОР НА ИЗВЕДУВАЧ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА 

Општина Битола соопшти дека после неуспешното спроведување во 2020 година, повторно се обновува постапката за проектот „Изградба на пречистителна станица и реконструкција и надградба на канализационата мрежа во Општина Битола”, со кој Битола треба да добие пречистителна станица со која е предвидено собирање и третирање на отпадните води во градот и околината. Тендерската постапка ја објави Министерството за финансии, преку единицата за централно финансирање и склучување на договори, а крајниот рок за доставување на понуди е 21.02.2023.

Работите на канализационата мрежа ќе опфатат:

– изградба на околу 9 километри нова канализациона мрежа

– реконструкција на околу 13 km постоечка канализациона мрежа

– проектирање и изградба на две пумпни станици и потисни цевки од околу 5,6 km, и

– проектирање и изградба на главен канализациски колектор на улица Широк сокак и Солунска со метод на микротунелирање со приближна должина од 325 m.

Вкупната вредност на овој проект кој е финансиран од ИПА 2 Програмата, преку Секторот за заштита на животната средина и климатски промени изнесува 27,8 милиони евра.

Со реализацијата на проектот ќе се реши проблемот со отпадните води кои во моментот се испуштаат во реката Драгор и Петтиот канал, како и излевањето на канализацијата на повеќе локации во градот.