Објавена програмата за 17-тиот Моден викенд во Скопје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Седумнаесеттиот Моден викенд Скопје кој ќе се одржи од 30-ти март до 1-ви април ќе биде домаќин на најновите дизајнерски колекции, во една од најстарите културни институции во Македонија, Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Скопје.
Сезоната пролет-лето е под мотото „What feeds your imagination“, ќе ја отвори ревијата на дизајнерите Роберт Ивановски и Евгенија Зафировска со колекцијата „Архитектура во движење.“
Вечерта ќе продолжи со авангардната колекција на  Katarina Luka надополнета со
аксесоари. Потоа ќе следува ревијата на „Zana Aliu showroom“ и колекцијата „Red&The spectrum“.
Истата вечер за прв пат посетителите ќе може да ја погледнат ревијата на „Fingerprint“ и нивната колекција “Macedonian beauty”.
Крајот на првата ревијална вечер ќе продолжи со забава на истата локација со диџеј Славе.
Втората вечер ќе започне со заедничка ревија на студентите од Факултетот за арт и дизјан при ЕУРМ, наречена „Text me“ за пролет-лето 2018.
Потоа публиката ќе погледне колекција од Косово наречена „0000“ и најновото
од „Atelier Kocareva“ односно новите модели наречени „Boundless“. За крај на вечерта
креациите на „Pallada“ и колекцијата „El sueno“.
Последната вечер на Модниот викенд Скопје пролет-лето 2018 ќе се одржи на 1 април и ќе започне со ревијата на младата дизајнерка Сара Реџиќ која го потпишува брендот „Sari Gi“. За прв пат на модниот викенд Скопје „Atelier Magdalena“ ќе ги претстави креациите од колекцијата „Будење“.
Јагода Пачемска од арт-студиото „Фа-Бу“ со перформанс ќе прикаже нови уникатни креации изработени од свежо цвеќе.
Седумнаесеттиот Моден викенд Скопје ќе се затвори со ревијата на Олгица Ѓоргиева и нејзината колекција за пролет-лето 2018.
За време на тридневниот настан ќе бидат изложени девет креации на студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет кои веќе беа прикажани во Францускиот институт во Скопје . Студентите работат на тема инспирирана од француската кинематографија, под менторство на Лидија Георгиева – професор и дизајнер.
Насловната за седумнаесеттата сезона е направена во Националната и универзитетска библиотека
„Св. Климент Охридски“-Скопје. Заштитно лице е Мануела Гочевска од модната агенција „Подиум“ . За фото и видео
продукцијата беше задолжена Марина Трајковска, а графичкиот дизајн на насловната го потпишува Дејан Зафировски.

Тера телевизија и оваа година е партнер на 17-тиот Моден викенд во Скопје.

Share.