Објавено видео од извлекувањето на телата на загинатите македонски планинари

0
2439

Грчката противпожарна служба објави видео од извлекувањето на телата на загинатите македонски планинари Калина Велевска (27) и Александар Миновски (35). Тие загинаа вчера на врвот Кајмакчалан, на планината Ниџе, по пад во бездна. Според информациите што ги објавија грчките медиуми, нивните тела биле пронајдени на оддалеченост од 30 метри.

Тие биле дел од група од 50 планинари, но по некое време се одвоиле од другите планинари. Грчките медиуми објавија дека временските услови биле лоши – дувало силен ветер и имало магла. Планинарите, по телефонскиот сигнал, биле лоцирани во непрооден дел, но не давале знаци на живот.

makfax.com.mk