Објавен конкурсот за БИТ ФЕСТ 2018

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Општината го објави јавниот повик за учество во програмата на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ 2018“. Општината оваа година го организира 12-то издание на Битолското    културно лето „БИТ ФЕСТ“ кое ќе трае од 21 јуни до 28 август.

Ќе кофинансира манифестации и проекти од областа на културата:  музичко и музичко – сценска уметност, театар, ликовна уметност,  видео, фото, филмска уметност, литература , фолклор, нови уметности.

Во огласот наведени се и три критериуми за оценување на проектите:
– Проект/Програма/активност – 30 бода
– Биографија или портфолио на субјектот (реализирани проекти) – 20 бода
– Степенот на влијание на проектот врз квалитетот на културниот живот на
заедницата – 10 бода.

Максималниот износ за кофинансирање на трошоците по проект изнесува 60% од вкупната вредност на проектот.

Share.