Објавен конкурсот за наградата „4-ти Ноември“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Општина Битола го објави конкурсот за доделување на наградата „4-ти Ноември“ за 2019 година.

Наградата се доделува на физички и прани лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природа како и други сегменти од животот, трудот и творештвото што претставуваат посебен придонес за развојот на општината, државата и светот.

Наградата се доделува во две категории: едногодишна за достигнувања во периодот од 01.08.2018 до 31.07.2019 година и за животно дело што претставува заокружена континуирана творечка целина.

Наградата за едногодишни достигнувања се доделува на правни и физички лица, а за животно дело на едно физичко лице. Наградата за правни лица се доделува во вид на диплома, за поединци во вид на диплома и паричен износ, а за живтно дело во диплома и паричен износ.

Право на предлагање кандидати имаат правни лица, здруженија на граѓани, групи на граѓани, поединци.

Конкурот кој е објавен денеска ќе трае до 14.10 2019 година.

Предлозите се  поднесуваат до Управниот одбор на Фондот на наградата „4-ти Ноември“ на Општина Битола Ул. Булевар 1-ви Мај бр. 61 Битола.

Share.