Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, ги објави конкурсите за упис на нови студенти во учебната 2024/2025 година на прв, втор и трет циклус студии.
За додипломските студии, на УКЛО има места за 2404 нови студенти. Од нив 1.309 се во државна квота, останатите 679 и 416 се наменети за кофинансирање и вонредни студии.
Заинтересираните кандидати имаат можност да направат солиден избор од широк спектар на специфични профили и од годинава со нова КОЛОРС димензија. УКЛО семејството од 5000 студенти се поврзува со уште 120.000 млади луѓе преку КОЛОРС европската универзитетска алијанса.
Како прва македонска високообразовна институција дел од Алијансата финансирана од Европската Комисија, УКЛО почитува европски вредности, нуди мобилности и избор на предмети, а наскоро и со можност за двојна диплома на деветте КОЛОРС универзитети.
Првиот уписен рок на УКЛО започнува од 26 до 30 август 2024 година, а конкурсите се објавени на интернет страницата на универзитетот.
На Техничкиот факултет места за 400 студенти, од кои 300 во редовната државна квота со 200 евра партиципација, 40 редовни со школарина од 400 евра и 60 вонредни исто со 400 евра.
На Факултетот за информатички и комуникациски технологии вкупно 250 места, од кои 210 во државна квота со по 200 евра партиципација, 20 во редовна квота со школарина од 400 евра и 20 вонредни исто така со 400 евра.
На Технолошко- техничкиот факултет во Велес вкупно места за 100 студенти од кои 80 во редовна државна квота со 100 односно 200 евра партиципација и 20 вонредни со 400 евра.
На Економскиот факултет во Прилеп места за 248 бруцоши, 200 во редовна државна квота со партиципаци од 200 евра, 30 редовни со по 400 евра школарина и 18 вонредни со 400 евра.
На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид предвидени се 306 места, од нив во редовната државна квота 134 студенти со по 200 евра партиципација, 99 редовни со 400 евра школарина за студирање и 73 вонредни, а кои плаќаат 400 евра.
230 места на Педагошкиот факултет во Битола, од нив во редовната државна квота со партиципација од 200 евра места за 55 идни бруцоши, 105 места за редовни со школарина од 400 евра и 70 вонредни со по 400 евра.
На Факултетот за безбедност во Скопје ќе има места за вкупно 280 стдуенти. Од нив 80 во редовната државна квота со 200 евра партиципација, 180 во редовната квота со школарина од 400 евра и места за 20 вонренди студенит кои плаќат по 400 евра.
На Правниот факултет во Кичево места за 215 студенти, 85 во редовна државна квота со партиципација од 100 односно 200 евра, 85 во редовната квота со 100 односно 400 евра школарина и 45 вонредни со по 400 евера.
На факултетот за Биотехнички науки во Битола места за 120 студенти во прва година, 80 во редовната државна квота со 200 евра партиципација, и по 20 студенти во редовната со школарина од 400 евра и исто толку за вонредни студенти
На Ветеринарниот факултет во Битола само 45 места, од кои 30 во редовната државна квота со партиципација од 200 евра и 15 во редовната со школарина од 400 евра. Овде нема предвидени вонредни студии.
И на Високата медицинска школа во Битола места за 210 бруцоши, 55 во редовната државна квота со партиципација од 200 ерва, 85 со школарина од по 400 евра и 70 вонредни исто така со 400 евра.












