Објавен тендер за проектот гасификација на Битола, вреден околу 130.000 евра

0
892

Општина Битола распиша оглас за „Изработка на идеен и основен проект за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Општина Битола, со максимум 25.000 м. должина, со ревизија и вршење на проектантски надзор при изведба“.

Се браат 12 Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа.

Согласно огласот,  проценетата вредност без ДДВ изнесува 7.945.800,00 денари, а договорот е во времетраење од седум месеци. Критериумот за доделување на договорот е најниска цена.