„Објави ме“ за електронските медиуми

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Довербата во печатот и масовните медиуми генерално опаѓа, покажува едно истражување на Институтот Ројтерс. Новото време си донесе и нови работи. Луѓето им веруваат на познатите медиуми, но помалку во однос на претходните години.
Според истражувањето, Финска најмногу им верува на своите медиуми, со дури 65 проценти од испитаниците кои одговориле дека „може да им се верува на вестите најголем дел од времето“.

Голема доверба во медиумите имаат и Бразил, со 58 проценти и Канада со 55 проценти.

Меѓу првите десет држави се и Холандија, Германија, Велика Британија, Шпанија, Австралија, Јапонија, САД, Јужна Кореја и Грција.

Сепак, истражувањето не е глобално, туку спроведено во 23 држави, меѓу кои од Балканот е присутна само Грција.

Во тоа истражување нас не нема, но затоа ние ќе обидеме од повозрасната публика да го добиеме одговорот.

 

 

Share.