Оваа мачка има 230.000 следбеници на Инстаграм

Русинката Светлана Петрова одлучила својата мачка по име Заратустра да ја претвори во лик од најпознатите уметнички дела.

Портокаловата мачка се најде во сликите на најпознатите светски уметници како Винсент ван Гог, Леонардо да Винчи, Рембрант и други.

Прочитајте и: Ресторан нуди бесплатни хамбургери цела година во замена за необична реклама


Светлана на својот Инстаграм профил ги претставува своите дела наречени Fat Cat Art , што го следат повеќе од 200 илјади луѓе.

“За мене, ова е многу личен проект. Мачката Заратустра беше мачка на мајка ми. Јас ја посвоив откако таа почина во 2008 година. Бев многу блиска со мајка ми и многу ми недостасува. Заратустра беше и останува жив спомен на мојата мајка. Таа ме спаси од депресија”, објаснува Светлана.

Сподели