Овации во Црна Гора за претставата Коцкар

0
378

Во рамките на театарскиот фестивал во организација на Црногорскиот Народен театар од Подгорица , Битолскиот театар ја изведе претставата Коцкар, во режија на Дејан Пројковски, а по текст на Достоевски.

Првото издание на Фестивалот , во текот на девет дена е домаќин на театрите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија, Словенија и Црна Гора. Фестивалот е од ревијален карактер.

  • Имам неколку театри во различни држави кои ги чуствтвувам како свој дом и токму црногорскиот народен театар после изведбата на претставата Бура е еден од нив. Исклучително ми е мило што тука сум со  Битолскиот театар кој исто го чувствувам како свој дом. Имам чувство дека одлично искомунициравме со публиката, дека имавме една прекрасна вечер на фестивалот,кој со своето прво издание ги покажа тенденциите да стане значаен регионален фестивал-истакна апосле изведбата на Коцкар, Пројковски.

Тој во 2016 тата ја режираше шекспировата Бура во црногорскиот театар, а сега работи на претставата Буре Барут, која премиерно ќе биде изведена во овој театар на 5 ти октомври.

Публиката со овации го поздрави и актерот Огнен Дранговски, кој ја игра главната улога.

Претставата зборува за коцкањето и страста во која само со едно вртење на рулетот може човек да го направи да биде некој друг. Со секое вртење на рулетот има повторен и повторен обид, секој од ликовите заглавени во калта, да избегаат од сопствената кожа.

Оваа претстава е со шеснаесет битолски актери, меѓу кои се вклучени и студенти, но и доајенот на македонскиот театар Јоана Поповска.

Во останатите улоги се-Илина Чоревска, Митко С. Апостоловски, Сандра Грибовска, Катерина Аневска Дранговска, Елена Моше, Николче Пројчевски, Марјан Ѓорѓиевски,

Петар Мирчевски, Соња Ошавкова, Петар Спировски, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Анастазиа Христовска, Благој Јовановски.

Сценските движења се на Олга Панго, сценограф е Валентин Светозарев,

костимограф Благој Мицевски, композитор Горан Трајковски.

Чоревска и како актер и како уметнички директор на Битолскиот театар истакна-мене ова ми е 7 ми пат како гостувам на оваа сцена , но по прв пат како уметнички директор.  Мило ми е што сме овде и што на крајот на месецот ќе имаме мжност да го возвратиме гостопримството на црногорскиот театар на Битола Шекспир фестивалот.

Имено овој театар на 30 ти јуни ќе гостува во Битола со претставата Зимска бајка во режија на Дино Мустафиќ.

Народниот театар Битола после враќањето од Црна Гора ќе започне со подготовките за новата претстава Но(е)ва Македонија, авторски проект на извонредниот Кокан Младеновиќ, чија претстава Јами Дистрикт на неодамна завршеното Стеријино позорје беше апсолутен победник.

Премиерата на Но(е)ва Македонија е закажана за 10.08.2018 на фестивалот Охридско лето.