Овогодинешниот Евросонг 2021 во Ротердам ќе има 3500 гости

Оваа година 65-то издание по ред на Евросонг ќе се одржи со публика. Холандската влада ќе дозволи 3.500 фанови да присуствуваат на изборот на песна на Евровизија. Годишната музичка екстраваганца ќе се одржи во ротердамската Ахој арена во мај, откако беше откажана минатата година. Според планот, местото ќе било полуполно и на фановите ќе им треба негативен тест за Ковид-19, пред да им биде дозволен влез. Организаторите на Евровизија ја поздравија одлукатана холандската влада  и рекоа дека „ќе ги разгледаат опциите што се сега достапни“. „Ќе објавиме повеќе детали во следните недели за тоа како можеме безбедно да ја примиме публиката во Ахој во Ротердам, доколку ситуацијата дозволи“. Логото на овогодинешната евровизија го претставува Ротердам како срцевината на Европа во Мај 2021, а истото лого го поврзува Ротердам со сите други градови на земјите учеснички оваа година без разлика на форма и далечина. Слоганот е “Отворете се” а од организацијата велат тоа е повик луѓето да бидат отворени еден со друг, да нема осуда, да ги прифатат своите различни ќивотни приказни и да бидат сплотени.

Сподели