Дека годините се само бројка и другарството може да трае долги години, доколку се негува, го докажаа поранешните ученици на средното економско училиште „Јане Сандански“од Битола од генерација 1961. Тие одбележаа одбележаа 63 година од матурата.
Сите на возраст од 82, 83 година, се одлучија за средба кај Саат кулата, традиционално секоја година во 19 часот, да се потсетат на своите средношколски денови, на убавите спомени, на случките од тој период.
Се собираат секоја година во летниот период, откако одбележале 40 години од матурата, освен за време на пандемискиот период кога паузираа, затоа што за нив негувањето на пријателството е од особено значење.
Им посакуваме уште многу вакви среќни мигови и средби кои долго се паметат.




















