Одбележани 17 години од загинувањето на бранителите кај Гајре

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По повод одбележувањето 17 години од загинувањето на петтмина припадници на АРМ во терористичка заседа кај патот Шипковица – Гајре, денеска во Битола свежо цвеќе на споменикот Ангел и споменикот Стив Наумов кај касарната положија делегации на општините Битола, Новаци и Могила, делегација на Советот на општина Битола, семејствата на загинатите, делегации на политичките партии и останати делегации.

Во 2001 година во близина на селото Гајре меѓу петтемина припадници на АРМ загинаа Пеце Матичевски од Новаци, Благојче Силјанов и Влатко Миленковски од Битола. Денеска се сеќаваме и оддаваме почит на загинатите, со цел ваквите настани никогаш веќе да не се повторат, порача градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска.


На одбележувањето порака за соживот испрати и пратеникот во Собранието на Република Македонија Горан Милевски.

Во заседата во 2001 година покрај Матичевски, Силјанов и Миленковски загинаа и Кољо Китанов од Струмица и Исак Руфати од Тетово.

Share.