Одбележани 40 години од матура во битолската гимназија “Јосип Броз Тито”

0
3313

На школските денови во гимназијата “Јосип Броз Тито” деновиве се потсети и генерацијата која матурираше во учебната 1978-1979 година.

40 годишнината од матура ги собра на едно место повеќето од некогашните гимназијалци кои во оваа прилика евоцираа спомени низ проекција на фотографии и целовечерна дружба.


,,За нас тоа е најубавото училиште, гимназијата Јосип Броз Тито. Во наше време велеа дека тоа е најстрогото училиште, ама многу работи научивме таму, имаше и голема дисциплина. Но и другите зборуваат за успешноста на оваа генерација. Огромен процент на успешнот има во поглед на кариери на оние кои тука се школуваа.,,-вели Стевче Стефановски.

Ова е генерација која памети и како изгледаа некогашните екскурзии низ Југославија.

,,Одевме на екскуризии. Чувствувавме голема сигурност. Сите сме тука многу возбудени. Многу емотивно беше кога ги видовме на фотографии сите тие академици кои дошле токму од битолската гимназија. Но исто така се потсетивме и на нашите другари кои повеќе не се меѓу живите.,,-вели Лилјана Кочанковска.


,,Собрани сме сите. Ова треба да се доживее за да се знае какво е чувството.,,-вели Пеце Гугучевски.

Четириесет годишнината од матура беше посебен настан и за оние кои одамна живеат и работат во прекуокеанските земји, па ова им беше прилика да се видат со соучениците. Меѓу нив беше и Лидија Берберов која три децении живее и работи во Австралија.


,,Бев и на 30 годишнина и на 35 годишнина од матура. Одлично поминавме. Така е и оваа година.,,-вели Лидија Берберов.

И за следното одбележување најавуваат дружба и веселба.