Одбележан Денот на полицијата во Битола

0
1866

Со повеќе активности денес СВР Битола се вклучи во одбележувањето на 7-Мај Денот на македонската полиција. Свежо цвеќе на двата споменика во дворот на СВР Битола и на споменикот Ангел кај Саат кулата полжија покрај претставниците од полицијата, и заменик градоначалничката на Битола Емилија Костурски, претставници од Советот на општина Битола, претставници на политички партии, претставници од јавни институции од градот, како и претставници од општините Новаци и Могила предводени од градоначалниците Љубе Кузманоски и Јасмина Гулевска.

-Во текот на денешниот ден имаме агенда, почнавме со положување на свежо цвеќе на спомениците во дворот на СВР и на споменикот Ангел кај Саат кулата, имаме посета од децата од градинките и училиштата, кои што ја посетуваат полициската станица од општа надлежност, сообраќајната полиција каде што се запознаваат со опремата и улогата на полицаецо. Како и секоја година така и оваа традиционално донираме средства во Домот за доенчиња и мали деца во Битола, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

-Најправо сакам да им го честитам Денот на полицијата, а потоа упатувам голема благодарност за донацијата кои што ќе им го збогатат животот на нашите деца, рече Соња Илиевска, директор на Домот за доенчиња и мали деца од Битола.

Во рамки  на свеченоста од СВР Битола потсетија на приоритетните активности

-Враќање на довербата и чувство на поголема безбедност на граѓаните со враќање на малски полицаец, односно враќање на позорната служба, реактивирање на локалните совети за превенција, а голем акцент ставаме на поголема безбедност во сообраќајот односно со погоемо присуство на полицијата преземаме мерки за поголеми контроли, со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди, додаде Стаматова.

Првите темели на овај ден се поставени со одржувањето на Смилевскиот конгрес од 2 до 7 мај, кога биле формирани и првите полициски чети за обезбедување конгресот.