Одбележан Денот на руската дипломатија

По повод Денот на руската дипломатија, традиционалниот настан се одржа пред споменикот „Руски крст“ во Битола.

Согласно мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19,  цвеќе положија амбасадорот на Руската федерадија во земјава н.е. Сергеј Баздникин, градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Почесниот конзулат во Битола, Славјанскиот универзитет, Лук Оил, Здружението за македонско-руско пријателство и други лица.

Настанот се одржа во организација на Амбасадата на Руската федерација во Република Северна Македонија и Почесниот конзулат во Битола пред споменикот „Руски крст“, кој се наоѓа во близина на местото каде што бил убиен рускиот императорски конзул Александар Ростковски пред 118 години.

 

Сподели